Зеленски: Ослободувањето на Украина е сѐ поблиску

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во своето ноќно обраќање кон неделата изјави дека времето за ослободување на Украина е „сѐ поблиску“, како и дека е само прашање на време кога ќе „врати сѐ што Русите освоија“, пренесува CNN.

„Украина ќе си земе сѐ назад. Тоа е императивно. Само прашање на време е. Со секој ден времето до ослободувањето станува сѐ покусо. Сѐ што правиме е токму тоа“, рече Зеленски.

Додава дека ситуацијата во источниот мнозински рускојазичен регион Домбас и натаму е тешка, особено во областите на Северодонецк, Лисичанска, Бакума и Попасна, коишто според проруските сепаратисти, пак, се под контрола на нивните сили поддржани од руските војски.

„На сѐ, што се однесува до снабдувањето со оружјето, со секој ден сме сѐ поблиску до бројна предност на непријателите“, тврди украинскиот претседател.

Истакна дека ќе „доминира со технолошка и конвенционална ударна сила“, како и дека многу од тоа зависи од украинските партнери од коишто очекува „добри вести веќе следната седмица“.

Се осврна и на нападот во саботата врз Николаев, каде што според украинската страна е погодена станбена област во близина на детска градинка и загинало едно лице а седум се ранети.

Од друга страна, руското министерство за одбрана повторно го обвини Киев дека ѝ наложува на својата војска огнените позиции да ги поставува во станбена инфраструктура земајќи ги цивилите како жив штит.

„Тоа беше цел којашто ја одбра Руската Федерација. Таквите нападите секогаш ќе го потсетуваат светот дека Русија на крајот мора службено да биде призната како терористичка држава, како држава која го поддржува тероризмот“, рече Зеленски.

Тврди и дека руските сили ја оневозможуваат евакуацијата на цивилите од регионот Херсон, одговарајќи всушност на обвинувањата од Москва дека украинските сили ги гранатираат правците преку кои цивилите може да се евакуираат.

„Оние кои се сигурни во својата позиција не би носеле такви одлуки. Тоа е знак на слабост. Тоа покажува дека немаат што да му понудат на народот, а народот не сака ништо да земе од нив. Тогаш прибегнуваат кон земање заложници“, тврдеше Зеленски.