
Украинскиот претседател Володомир (Владимир) Зеленски предупреди дека Русија ќе има „отворен пат“ низ истокот на Укрина, доколку Бахмут биде контролиран од нејзините војски, во интервју за CNN во кое ја бранеше својата одлука да не ги повлече украинските војници од опколениот град.
„Доколку го заземат Бахмут, руските сили ќе имаат отворен пат кон клучните градови на истокот на Украина“, рече Зеленски.
Тоа е „тактички важно“ за Украина, рече Зеленски и тврдеше дека воениот врв е единствен во одлуката во градот да се задржат единици и да се продолжи одбраната на градот кој по повеќемесечните континуирани руски операции без офанзивни и јуришни дејствија е на работ да падне.
„Сфаќаме дека по Бахмут може да идат натаму, Може да одат на Краматорск или Славјанск. По Бахмут ќе имаат отворен пат кон другите градови во Украина, во Доњецк. Затоа нашите момчиња таму остануваат“, рече Зеленски за CNN.
Бахмут се наоѓа на 55 километри североисточно кон централна Украина од милионскиот град Доњецк, во северниот дел од истоимениот регион крај местото Горловка. Станува збор за важен логистички центар за украинската групација војски во целата област Донбас. Бахмут се наоѓа и на главниот патен правец кон градовите Славјанск и Краматорск, и двата во индустрискиот регион Донбас, а од нив се отвора простор за руско напредување кон централна Украина.
„Она што Русија го сака со Бахмут е да постигне барем една победа, макар го срамнила со земај и ги убие сите цивили“, тврдеше Зеленски според кого тоа би „помогнало во мобилизацијата на руското општество и би создал тој впечаток за моќна војска“.
Во понеделникот го соопшти службата за односи со јавноста на Зеленски објави дека началникот на Генералштабот на украинската армија, генерал-полковникот Валериј Заслужни и командантот на копнените сили, генералот Александар Сирски се изјасниле за продолжување на борбите во Бахмут (Артјомовск, на руски) и утврдување на позициите во градот по појавувањето на информацијата во медиумите за несогласувањата со Заслужни во поглед на ситуацијата и останувањето на украинските војници во Бахмут.
Претходно во понеделникот германскиот дневен весник Bild, повикувајќи се на свои изводи, објави дека ситуацијата во врска со Бахмут за која претходно Зеленски потврди дека е „критично тешка“, предизвикала спор меѓу претседателот и главниот командант.
Во неделата американскиот дневен весник The Wall Street Journal објави дека изминатите месеци украинската војска во борбите за Бахмут загубила неколку од своите најобучени единици. Во написот се нагласува дека податоците за загубите се класифицирани, но некои украински функционери, под услов да останат анонимни, признаваат дека се значителни. Офицерите во некои други бригади, наведува WSJ, велат дека неколку единици, меѓу кои и некои од најдобро обучените, биле тешко поразени во борбите за Бахмут
Западните воени аналитичари, пак, во последно време го минимизираат стратешкото значење на Бахмут, иако станува збор за јазол значаен за логистиката на единиците и од кој се отвора патот и кон северот на фронтот и кон централна Украина. Но има и такви коишто предупредуваат дека во борбите за градот украинската војска загубила премногу припадници од своите борбено најподготвени единици, потсетувајќи дека САД уште пред два месеца го советуваа Зеленски да ги повлече тие единици од Бахмут и да ги сочува за најавената пролетна офанзива.