Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе патува со авион на француската влада на самитот на Арапската лига во Саудиска Арабија, а подоцна ќе отпатува и на самитот на лидерите на Г7 во јапонскиот град Хирошима, информира извор за Reuters.
Зеленски ќе присуствува на самитот на Арапската лига подоцна во петок, рекол изворот, кој сакале да остане анонимен поради чувствителноста на информациите.
Изворот додал дека ова е можност за украинскиот лидер да лобира за сојузници и меѓу земјите кои останаа неутрални во конфликтот меѓу Украина и Русија.
Бидејќи наскоро се очекува почеток на украинската офанзива којашто се најавува веќе половина година, изворот рекол дека е од витално значење Зеленски да продолжи да врши притисок врз своите сојузници од Г7 за уште поголема воена поддршка.
Зеленски, исто така, може да побара разговори лице в лице со лидерите на Индија, Индонезија и Бразил, кои исто така присуствуваат на состанокот во недела а се неутрални во однос на украинскиот конфликт и без осуда за Русија, рекол изворот.
„Зеленски дава сѐ од себе“, додадл соговорникот на агенцијата.