Зеленски патува во Аргентина на инаугурацијата на новиот претседател

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека патува за Аргентина, каде во неделата подоцна ќе присуствува на инаугурацијата на новиот претседател.

Зеленски, кој го најави своето патување преку платформата Telegram воедно ќе замине во прва посета на Латинска Америка, в недела ќе присуствува на инаугурацијата на аргентинскиот претседател Хавиер Миели.

Украинските медиуми претходно седмицаца шпекулираа дека инаугурацијата на Милеи може да послужи како средба меѓу Зеленски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за да се решат разликите околу кандидатурата на Украина за членство во Европската унија.

На самитот на ЕУ следната седмица ќе се одлучува дали Унијата ќе ги започне пристапните преговори со Украина, која минатата година доби кандидатски статус. Одлуката мора да биде донесена едногласно, а Орбан постојано го изразуваше своето противење за почеток на преговорите.