Зеленски планира нов „мировен собир“ за Украина во ноември

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во понеделникот дека има намера да ги подготви сите елементи од мировниот договор до ноември, за да може Киев потоа да одржи втор меѓународен мировен собир на челници на држави и меѓународни оганизации.

Првиот состанок се одржа минатиот месец во Швајцарија, а на него присуствуваа претставници на вкупно 92 држави и разни меѓународни и невалдини организации, но не беше застапена и Русија. Поради тоа, речиси половина од челниците на присутните држави не ја потпишаа завршната заедничка декларација, па Киев најави дека може да покани и претставници на Русија на следната конференција.

„Ја поставив целта во ноември да имаме целосно подготвен план“, изјави украинскиот лидер на прес-конференција.

Зеленски го изјави ова по враќањето во Киев од Вашингтон каде присуствуваше на состанокот на НАТО, повеќе од 28 месеци по руската инвазија.Украина најави дека на вториот состанок ќе се разговара за планот што ќе го разработат десетици земји поделени во работни групи

Рускиот заменик министер за надворешни работи минатата седмица изјави дека Москва нема да учествува на вториот состанок, иако Кремљ не беше категоричен и изјави дека сè уште нема јасни индиции за идејата за негово одржување. Меѓутоа, Москва посочува дека Киев и неговите западни сојузници го одбија ланскиот предлог мировен договор од Кина кој зборуваше и за суверениетот и интегритетот на Украина и, исто така, потсетива дека Киев донесе закон со кој се забранува мировни прекоговори со рускиот претседател Владимир Путин кој според уставот на Руската Федерација е обврзан за потпишување на меѓународните државни договори.

Покрај тоа, Москва, истакнува и дека е изминат претседателскиот мандат на Зеленски и оти наскоро истекува и мандатот на сегашниот состанок на украинската Врховна Рада (парламентот), со што станува нејасно каква валдиност би имале евентуалните договори поптишани од нивна страна.

Зеленски рече и дека Украина летово ќе добие дел од борбените авиони „F-16“ од амеиканско производство, а останатите до крајот на годината, но дека не може точно да прецизира колку ќе ги има. Некои украински функционери деновиве истакнаа дека на Киев му се потребни најмалку 300 вакви борбени летала, додека европските сојузници досега објавија дека можа да му испорачаат неколку десетици.

„Нема да има доволно од нив. Тие сигурно ќе нѐ зајакнат, но дали ќе ги има доволно за да се бориме на исто ниво како и руските воздухопловни сили? Мислам дека нема. Чекаме поголем број“, изјави украинскиот претседател за новинарите.