Украинскиот претседател Владимир Зеленски во редовното ноќно обраќање кон вторникот ги повика украинските сили да земаат што повеќе заробеници, без да прецизира дали тоа се однесува и на цивили, тврдејќи дека тоа ќе го олесни ослободувањето на војниците кои ги заробиле или им се предале на руските сили.
Зеленски ја даде изјавата неколку часа откако двете страни ја извршија една од најголемите размени на затвореници досега, разменувајќи вкупно 218 заробеници.
Всушност се работи за размена на по 110 воени заробеници, од кои 108 биле Украинки кои служеле во воените сили, а две Украинки доброволно барале да бидат префрлени во Руската Федерација.
„Благодарен сум им на сите кои учествуваа во овој успех, а исто така им се заблагодарувам на сите кои го пополнуваат нашиот фонд за размена, кој осигуруваат фаќање на нашите непријатели. Колку повеќе руски заробеници ќе имаме, толку порано ќе можеме да ги ослободиме нашите херои. Секој украински војник, секој командант на првата линија би требало да се сети на тоа“, рече Зеленски.
Андриј Ермак, шеф на кабинетот на Зеленски, тврди дека меѓу ослободените жени имало 12 цивили.
„Беше тоа првата целосно женска размена“, напиша Ермак на апликацијата Telegram, додавајќи дека 37 жени војници биле заробени кога руските сили во мај ја заземаа најголемата челичарница во Европа, „Азовстал“ крај Мариопул.
Украинското министерство за внатрешни работи во врска со размената објави дека некои жени биле затворени од 2019 година, откако сепаратистичките проруски сили ги заробиле при воените дејствија во источните региони.
Претходно Денис Пушилин, лидерот на сепаратистите од Доњецк објави дека во размената се ослободени 80 руски цивилни морнари кои Украина ги уапсила на почетокот од февруари годинава, и 30 борци на проруските сили.
Истовремено размената на заробениците беше и правата средба меѓу руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова и нејзиниот украински колега Дмитриј Лубинец. Притоа станало збор за потребата од интензивирање на размените на воените заробеници и ослободување на цивилните заточеници.