Зеленски по нападот врз Дњепар побара поголема противвоздушна одбрана

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска од меѓународната заедница повторно побара поголема противвоздушна одбрана и одобрување на напади врз руска територија.

Неговиот апел уследи откако во напад со ракети и дронови врз градот Дњепар во Украина загинаа пет лица, а 34 се повредени. При нападот оштетени се градинки, училишта и болница.

– Светот може да ги заштити животите, а за тоа е потребна одлучност на лидерите, напиша Зеленски на Телеграм.