Украинскиот претседател Володимир Зеленски по победата на Украина на Евровизија на Фејсбук објави: „Нашата храброст го импресионира светот, а нашата музика ја освојува Европа“.
– Третпат во својата историја, и верувам дека не е последен. Ќе се потрудиме еден ден да ги примиме учесниците и гостите на Евровизија во украинскиот град Мариупол. Слободен, мирен, реконструиран, наведе Зеленски.
Тој му се заблагодари на Калуш Окрест за нивната победа и на сите што гласаа за Украина.
Сигурен сум дека не е далеку нашиот победнички хор во борбата против непријателот. Слава на Украина, напиша Зеленски на Фејсбук.
На Евровизијата во Торино, Италија победи украинскиот оркестарот Калуш со песната „Стефанија“.