Зеленски по пристигнувањето во САД: Планот за победа ќе биде на маса на сите наши сојузници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кому во мај инаку му истече мандатот, пристигна во Соединетите држави во неделата доцна вечерта, каде на својот американски колега Џо Бајден и сојузниците ќе им ги претстави деталите од неговиот мировен план, опишан како „план за победа“, чија цел е да се стави крај на руската инвазија во неговата земја.

„Пристигнавме во САД. Главната цел е да ја зајакнеме Украина и да го заштитиме целиот наш народ. Оваа војна може да заврши само со праведен мир преку меѓународни напори. Планот за победа на Украина ќе биде на масата на сите наши сојузници“. објави Зеленски на социјалната мрежа Х.

Во видео порака од својот авион тој посочи дека пред Њујорк и Вашингтон оди во Пенсилванија – на „специјална посета“.

„Оваа есен ќе биде одлучувачка за продолжување на војната“, нагласи тој, додавајќи дека американскиот претседател Џо Бајден ќе биде првиот што детално ќе ги види украинските предлози за прекин на војната со Русија.

Потоа, додаде, планира да им ги претстави на „сите лидери на нашите партнерски земји“, како и на американскиот Конгрес и претседателските кандидати во САД, Камала Харис и Доналд Трамп.

Неговото патување доаѓа во време на претседателската кампања во САД и се совпаѓа со Генералното собрание на Обединетите нации, закажано за оваа седмица во Њујорк, а Зеленски се очекува повторно да се обиде да го убеди Бајден да му дозволи на Киев да нападне цели во Русија со западно оружје со долг дострел. Украинскиот челник уверува дека тоа може да го промени текот на војната.

Русија во саботата повтори дека нема да учествува на никакво таканаречен самит за Украина што Киев посакува да се оствари во ноември, по првиост таков состанок во јуни во Швајцарија, на кој Москва не беше ниту поканета и донесе резолуција која потоа не беше спомувана.

„Самитот ќе ги има истите цели: да ја промовира илузорната формула на Зеленски за каква и да е основа за решавање на конфликтот, да ја добие поддршката од мнозинството од светот и да ја искористи за да ѝ даде на Русија ултиматум на капитулација“, рече портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова. .

Додека Киев стои на своето барање за „праведен“ мир со кој руските трупи ќе ги напуштат меѓународно признатите граници на земјата, вклучувајќи го и полуостровот Крим, Москва има намера само да проучува „сериозни предлози“ кои ќе ја земат предвид „ситуацијата на теренот ја одразува геополитичката реалност“.