Украинскиот претседател Володимир Зеленски им рече на сојузниците во четвртокот дека треба да ги укинат сите ограничувања за Киев да изврши удари со испрачаните ракети од нив со долг дострел врз цели во Русија, доколку Украина сака да победи во војната против Русија, додека истовремено доби нов пакет американска воена помош од 225 милиони долари.
Украинскиот челник на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека се надева дека сојузниците на Киев ќе донесат одлука да дозволат такви напади.
„Ако сакаме да победиме, да надвладееме.. мора да ги укинеме сите ограничувања“, ги увери тој.
Киев веќе изведува такви напади со проектилите и системите испорачани од западните сојзници, но како што тврди Вашингтон само врз пограничните области од каде руските сили дејствуваат во Украина. Москва повеќепати предупреди дека извдување на таквите удари врз руска територија неопходно е остручен воен персонал кој Украина го нема, што значи дека со таквите системи оперираат западни офицери, како и логистика која се потпира на информацции за позициите на целите и наведување добиени од сателити, што значи дека САД и НАТО се директно вклучени како страна во војната.
Истовремено, Соединетите држави во четвртокот објавија нов воен пакет од 225 милиони долари за Украина, кој вклучува батериски систем за ракетни проектили „Patriot“, дополнителна муниција за ракетни системи и ракети со голема мобилност.
Откако борбените линии останаа главно замрзнати од почетокот на конфликтот, Москва постигнува бавен но континуиран напредок последните месеци пометувајќи ја линијата на фронтот кон западна и централна Украина.
Зеленски ги повика западните влади да ја зголемат и забрзаат воената помош за украинските сили. Во април беше одобрен американскиот закон за помош на Украина со 61 милијарда долари.
Вашингтон, најголемиот партнер на Украина, претходно осигури повеќе од 60 милијарди долари воена помош само од февраури 2022 година, кога започна руската инвазија. А потоа, во зимските месеци, американската воена помош чекаше одобрение во Конгресот долго време, а Зеленски се обиде да ја убеди западната јавност дека недостигот од оружје ѝ дава предност на Русија. Меѓутоа, украинската војска сѐ почесто го истакнува и проблемот со недостиг жива сила.
„Ќе бидеме покрај вас, и точка“, му рече американскиот претседател Џо Бајден на Зеленски во пресрет на билатералната средба на самитот на НАТО во Вашингтон.