Украинскиот претседател Володомир Зеленски вели дека и било возможно да се преговара за решение за полуостровот Крим кој според Киев и меѓународната заедница Русија нелегалн го анектирала во 2014 година.
Стратешки важниот црноморски полусотров Крим со доминатно руско и рускојазично население по превратот во март 2014 година, одржа два референдума на кои со огромно мнозинство прво ја врати автономијата укината со оасамостојувањето на Украина во 1991 година, а потоа со 96,77 отсто од гласачите на Крим и 95,6 отсто во Севастопол решија да се просоединат на Русија. Украина сè уште го смета Крим за нејзина привремено окупирана територија, а западните земји ја предводат меѓународната заедница го поддржуваат Киев по ова прашање. Од своја страна, Москва постојано потенцира дека жителите на Крим гласале за демократско обединување со Русија, во целосна согласност со меѓународното право и Повелбата на ОН. Според рускиот претседател Владимир Путин, прашањето за Крим „конечно е затворено“.
Кримската област била од поранешната РСФСР до 19-ти февруари 1954 година, кога Президиумот на Врховниот совет на СССР издал декрет за префрлање на регионот на Украинската ССР. Иницијатор на декретот е советскиот лидер Никита Хрушчов, кој долго време работел во Украина. По распадот на СССР, полуостровот остана дел од Украина.
Зеленски, сега, за разлика од некои негови поранешни изјави смета дека би било можно да се преговара за решение за статусот на Крим, без употреба на сила.
Меѓутоа, сличен договор во 2014-та и 2015-та година во белоруската престолнина Минск беше постигнат меѓу Киев и проруските бунтовници од Доњецк и Луганск со посредство на ткн Нормандска четворка – Германија, Франција, Полска и Русија – кои никогаш не заживеаја. По почетокот на руската инвазија во февраури 2022-ра поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и тогашниот француски претседател Франсоа Оланд признаа дека договорите од Минск имале цел само да му се даде време на Киев да се подготви за воено решение на проблемот. Поради тоа од Москва повеќепати порачаа дека немаа доверба во склучувањето на таквите политички договори по актуелниот конлфикт.
„Кога ќе бидеме (во рамките на сегашната противофанзива) на административните граници на Крим, мислам дека ќе биде можно политички да се присили Русија на демилитаризација на територијата на полустровот“, рече Зеленски во интервју од неделата кое во понеделникот го пренесоа неколку украински медиуми.
Киев на почетокот од јуни ја поведе долгонајавуваната противофанзива и повеќепати дека има намера да го врати Крим, како и сите окупирани области по почетокот на војната кон крајот на февраури 2022 година.
Украинските трупи тврда дека „постапно напредуваат“ кон брегот на Црното Море, иако и западните воени аналитичари наведуваат дека сѐ уште не се дојдени до првите руски одбранбени линии.
Зеленски вели дека „политичкото решение за Крим би било подобро, бидејќи тоа би значело помалку жртви“.
Украинскиот претседател истакнува дека не сака да ја пренесе војната на руска територија. Напомна дека целта е да се ослободи територијата на Украина, како и дека напредувањето на украинската војска на руска територија би значело губење на поддршката од Западот.