![zelenski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/zelenski-2.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Украина е подготвена да се бори десет години со Русија, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски за американската телевизиска мрежа CNN, на што чеченскиот лидер Рамзан Кадиров му одговор дека и покрај неговата „подготвенос“, за Зеленски „сѐ ќе заврши за неколку дена“.
„Можеме да се бориме со Русија десет години за да го повратиме она што е наше. Ние можеме да одиме по овој пат“, рече Зеленски.
Тој повтордно го повика западот да забрза со снабдување со оружјето на украинските сили.
„Опремата ни е потребна денеска или утреа, а не во рок од два или три месеца“, порача Зеленски.
САД досега, според официјалните извори, од последните месеци од минатата година досега издвоиле над две милијарди долари за вооружените сили на Украина. Покрај тоа, ЕУ одобри помош од 600 милиони евра за украинската војска, а шефот на ЕУ-дипломатијата, Жозеп Борел на неодамнешниот самит во Версај предложи да се издвојат уште дополнителни 500 милиони евра воена помош за Украина. Но Киев редовно вели дека Брисел „не помага доволно“.
Веднаш по изјавата на Зеленски за CNN за подготвеноста за „десетгодишната војна“ со Русија, Кадиров на својот Telegram канал објави аудио-снимка со коментар во кој на украинскиот претседател му порача дека наскоро ќе биде „завршено сѐ“.
„Прочитав дека Зеленски најавил подготвеност да се бори десет години. Ех, што будалетинка си? Немаме толку време, ќе завршиме со тебе во еден ден. Мислам дека имаш шизофренија! Оди кај твојот постар брат Бајден и фатете се подррака“, вели Кадиров низ смеа.
Чеченоцот веројатно алудираше на низата гафови на американскиот претседател Џо Бајден, особено на последниот од минатата седмица во Северна Каролина кога по завршувањето на говорот, се сврте и ја подаде раката за ракување но таму немаше никого, а потоа се чини како да го бараше излезот од подиумот.