Зеленски потпиша закон за забрана за увоз на книги од Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот потпиша закон со кој се забранува комерцијален увоз на книги од Русија, последен во серијата чекори насочени кон намалување на обемот на културните врски меѓу двете земји започнато особено по превратото во Киев во 2014 година.

„Верувам дека овој закон е точен“, напиша Зеленски на апликацијата за пораки Telegram, објавувајќи дека потпишал закон за забрана на комерцијален увоз на книги печатени во Белорусија или окупирана украинска територија.

Предлог-законот, кој беше усвоен во парламентот пред една година, предвидува поднесување барање за посебна дозвола што ќе овозможи увоз на книги на руски јазик од трети земји.

Станува збор за продолжение на политиките на украинските политички сили дијдени на власт со помош на водечките западни земји по насилствата во Киев во 2014 година, кога беше забранет за употребна рускиот јазик кој како мајчин тогаш го наведуваат речиси половина од севкупното украинско население, а што беше директен повод за отцепувањето на доминатно руските и рускојазични региони Крим, Доњецк и Луганск, а по почетокот на руската инвазија од февраури 2022 година и поголеми делови од регионот Запорожје и Херсон.

Во изминатите години, следуваа и забрана на емитување на руските електронски медиуми во Украина, како и зрачење на украински рускојазични медиуми, а продолжи со преименување улици и уривање споменици на рускојазичмни личност од украинската историја или култура.

Кабинетот на Зеленски објави на Twitter дека законот „ќе ја зајакне заштитата на украинскиот културен и информативен простор од антиукраинската руска пропаганда“.

Украина има намера да го спроведе она што го нарекува процес на „дерусификација“ и објаснува дека е „неопходно да се стави крај на вековната политика насочена кон уништување на украинскиот идентитет„.

Украинскиот министер за култура Олександр Ткаченко му се заблагодари на претседателот за потпишувањето на законот.

„Усвојувањето на овој предлог-закон ќе го заштити украинскиот сектор за издавање и дистрибуција на книги од деструктивното влијание на „рускиот свет““, објави тој на Telegram.