Зеленски потпишал официјално барање Украина да влезе во Европска унија

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска изјави дека потпишал официјално барање Украина да се приклучи на Европската унија.

Зеленски побара од Европската унија да и дозволи на Украина веднаш да добие членство по посебна процедура, во момент кога државата се брани од инвазија на руските сили.