Вооружените сили на Украина ќе бидат присилени на постојано повлекување доколку САД не ја пружат неопходната помош во вооружување, предупреди украинскиот претседател Володомир Зеленски во интервју за The Washington Post.
„Доколку нема поддршка од страна на САД, тоа значи дека нема да имаме противвоздушна одбрана, ниту ракети (за противвоздушните системи) Patriot, нема електронско попречување, нема артилериски гранати од 155 милиметри.. Тоа значи дека ние ќе се повлекуваме, ќе отстапуваме, чекор по чекор…“, вели Зеленски.
Истовремено, истакнува Зеленски, Украина се соочува и со недостиг од системи за противвоздушна одбрана, во периодот на жестоките масивни руски воздушни удари врз клучната инфраструктура по длабочината на украинската територија.
„Без поддршка од Конгресот (на САД), ќе имаме голем недостиг од ракети. Тоа е проблем. Ние правиме сопствени системи за противвоздушна одбрана, но тоа е недоволно“, укажува Зеленски.
Додава дека украинската војска се обидува да најдат начини да не се повлекуваат од зоната на борбените дејствија. Доколку ситуацијата на фронтот остана стабилна, тогаш во заднината Украина ќе може да вооружува и обучува нови единици уште оваа година да започне нова противофанзива, уверува Зеленски.
Весникот наведува и дека Зеленски, веројатно како закана за американските законодавци со ескалација на руските удари, порачува дека доколку Киев не го добие оружјето да ги запре руските напади, во спротивно Украина ќе ги засили своите удари врз руските аеродроми, енергетските капацитети и другите стратешки цели. Притоа, не е јасно како тоа украинската војска би го извеле, ви услови на континуиран недостиг од муниција и, како што повеќепати изјави самиот Зеленски, од проектили со долг дострел.
Претходно во петокот американската телевизиска мрежа Fox News, повикувајќи се на писмо на челникот за одделот за управување со буџетот при Белата куќа, Шаланд Јанг до сенаторот ЏејДи Венс, вели дека во него се наведува дека американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за помош на Украина. Притоа, се наведува дека тој вкупен износ вклучува и финансирање коешто „не отишло директно во Украина, туку се користи за нејзина поддршка“.
Кон средината на март, директорот на американската Централна агенција за разузнавање (CIA), Роберт Барнс, рече дека без дополнителната воена помош Украина ќе биде принудена најдоцна за една година да се согласи на мировни преговори под услови коишто ќе ги диктира Москва. Нагласи дека недостигот од американска воена помош ќе резултира со натамошно повлекување на украинската територија и територијални загуби.