Зеленски претходно ги ослободил тешките затвореници кои формираат единици, формирана и легијата од странски платеници

Иако украинскиот претседател Владимир Зеленски објави во понеделникот дека ќе ослободи дел од украинските затвореници кои ќе заминат во борба против руските сили, локалните медиуми уште во неделата објавија дека од затворите и истражните притворски одделенија се ослободуваат поранешни воени лица и учесници во неморите и борбите од 2014 година, многу од нив осудени за убиства, кои изразиле желба да ја бранат земјата.

„Прашањето е сложено и се решава на највисоко ниво. Станува збор за голем број лица кои се во притвор или веќе ја отслужуваат својата казна низ целата земја“, изјави за порталот Страна.ua. обвинитилот Андриј Сонјук.

Додал дека за мнозинството од оние кои сакаат да се борат, ова прашање сѐ уште се договара. Се зема предвид нивното борбено искуство, услугите кон државата и искреното покајание. Во тој контекст, се разгледуваат и изјавите на поранешниот командант на баталјонот „Торнадо“, Руслан Онишченко и командантот на баталјонот „Донбас“, Семјон Семенченко, кој веќе претходно бил ослободен.

За руското и рускојазичното население и нивните милиции во источна Украина станува збор за злогласни баталјони чии припадници дејствувале од екстремно десни и неонацистички позиции и се одговорни за свирепи воени злосторства.

Медиумот пренесува баталјонот „Торнадо“ бил распуштен во 2015 година, откако голем број негови борци, вклучително и командантот Онишченко, биле приведене под обвинение за создавање криминална организација, злоупотреба на овластувања, насилство и отпор кон владини претставници. Самиот Онишченко во 2017 година бил осуден на 11 години затвор.

Се наведува дека веќе бил ослободен и извесен Серхиј Торбин, осуден во Украина за оранизирање на нападот врз 33-годишната Екатерина Хандзјук, политичарка, активистка и национален волонтер на ОН од јужниот украински град Херсон. Во јули 2018-та, Ханџјук била полиена со киселина а неколку месеци подоцна починала во болница во Киев. На Торбин „му беше дозволено да одбере уште десетина лица во единицата, а кои тој ги избрал меѓу затворениците“, пишува весникот.

Покрај тоа, минатата седмица веќе ослободен бил и „порашен припадник на 72-та специјална механизирана бригада … Дмитро Балабуха, осуден за убиство на цивил на автобуска станица“, како и пранешниот пратеник во парламентот, Семен Семенченки, осомничен за учество во формирање приватна воена компанија. Тој е познат по повиците да се „обезчовечи Донбас“.

Претходно во неделата портапролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков предупреди дека украинската разузнавачка агенција Службата за безбедност на Украина (СБУ) во секоја од единиците на регуларната украинска војска уфрлила групи од по 25 до 30 „најежстоки националисти“ и осуденици, коишто треба да ги идентификуваат „неподобните“ меѓу украинските регрути. Според него, една од тие групи убила четири офицери на украинската војска во градот Северидонецк.

Украинскиот претседател Зеленски во неделата повика и странски доброволци во Украина, којашто формира, како што рече, легија на странците за доброволци. Во понеделникот, пак, неговиот советник Алексиј Арестовил изјави дека е веќе формирана странската легија за доброволци од други земји.

„Добиваме воена помош од други земји. Формиран е странскиот легион за доброволци од други земји, кои ги има многу, па мора да се формираат две легии.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров уште на 18-ти февраури предупреди во петокот дека Москва поседува информаци дека платеници од поранешната српска јужна покраина Косово, од Албанија и од Босна и Херцеговина се испратени на линијата на раздвојување во источната украинска област Донбас со претежно руско и рускојазично население кое е во конфронтација со властите во Киев по превратот од 2014 година.

„Русија внимателно ги проверува информациите кои сугерират дека се регрутираат платеници за воени дејствија во регионот на Донбас од самопрогласеното Косово, Албанија и од Босна“, изјави тогаш Лавров на прес-конференција.