![zelenski trudo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/zelenski-trudo.jpg?resize=696%2C377&ssl=1)
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во петокот во својата прва посета на блискиот сојузник Канада, каде што му беше гарантирано потопло добредојде од она што го доби од некои американски политичари скептични во полгед н испраќањето дополнителна воена помош.
Канада е еден од најверните поддржувачи на Киев во војната против Русија и се очекува за време на посетата да објави дека испраќа повеќе оружје во Украина, изјави владин претставник.
„Канада ќе продолжи да ја поддржува Украина онолку долго колку што е потребно и ние секогаш цврсто ќе го браниме владеењето на правото и редот врз основа на меѓународните правила“, изјави премиерот Џастин Трудо за новинарите во четвртокот во Њујорк.
Предвидено е Зеленски да се обрати во парламентот во Отава, а потоа да одржи заедничка прес-конференција со Трудо. Тој се обрати пред канадскиот парламент практично во март 2022 година, тогаш преку конференциска врска.
Игор Михалгишин, извршен директор на лоби-групата на Украинско-канадскиот конгрес, изјави дека Канада е влијателна поради нејзиното членство во Г7 и НАТО и истакна дека сите канадски политички партии ја поддржуваат Украина. Во Канада, инаку живеат 1,4 милиони луѓе со украинско потекло, што е трета по големина популација по Украина и Русија.
Во Вашингтон во четвртокот, Зеленски апелираше до американските законодавци за континуирана поддршка поради сомневањата на републиканците за тоа дали Конгресот треба да одобри нова рунда помош.
Иако во Канада нема такви поделби, таа ја нема финансиската моќ или воените резерви на САД, Германија и другите големи поддржувачи. Од почетокот на 2022 година, Канада има издвоено повеќе од 8 милијарди канадски долари (5,9 милијарди американски долари) за Украина, вклучително и повеќе од 1,8 милијарди канадски долари воена помош.
Канадски владин претставник изјави дека износот на договорот за оружје што Трудо најверојатно ќе го објави во петок ќе биде поголем од 33 милиони канадски долари што Отава ги објави во неделата за да му помогне на Киев да купи системи за противракетна одбрана. Функционерот кој зборувал за Reuters барал да остане анонимен, бидејќи конечните детали сè уште не се договорени.
Дејвид Пери, безбедносен аналитичар во Канадскиот институт за глобални прашања, вели дека очекува Отава да понуди повеќе возила за борбена поддршка и обука за украинските пилоти ловците „F-16“ од американско потекло, како дел од договорот за оружје.