Зеленски продолжува со отстранувањето на разузнавачите

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во вторникот смени уште неколку високорангирани офицери на разузнавачката агенција Служба за безбедност на Украина (СБУ), откако во понеделникот ноќта објави за 28 отстранети разузнавачи, во рамките на процесот на „чистки“ во безбедносните служби и државното обвинителство, по бројните пребегнувања на руската страна.

Со указот објавен во вторникот, Володомир Хорбенко, е сменет од досегашната функција заменик на директорот на СБУ. Од досегашните функции се намалени и четворица регионални началниците од Суми, Дњепропетровск, Закарпатие и Полтава, заедно со директорот на СБУ во Житомир.

Зеленски именуваше и нов регионален на разузнавачката служба во Харков. Оваа позиција беше испразнета уште од крај во мај.

Челникот на СУБ, Иван Баканови, пријател на Зеленски од детството, беше сменет од должноста во неделата ноќта, а Врховната Рада (парламентот) во вторникот ја потврди таа одлука. Од истата причина во неделата беше отстранета и главната државна обвинителка Ирина Венедиктова.

Зеленски започна процес на големи „чистки“ на високорангиран и висок кадар во разузнавачките служби и во државното обвинителство. Зеленски објави во неделата дека повеќе од 60 вработени во овие служби работеле против Украина на територијата под руска контрола и дека е покрената 651 кривична постапка за велепредавство и соработка со Русија против вработени во обвинителствата, истражните органи и безбедносните служби. Само СБУ има околу 30.000 вработени.

И покрај откривањето на силниот руски продор во украинското разузнавање и другите државни агенции и правосудството, американските функционери рекоа во понеделникот дека Вашингтон и натаму ќе ги споделува разузнавачките податоци за кои во САД велат дека Киев ги користи за напади врз руски цели.