Зеленски: Рускиот напад со нова ракета е „јасна ескалација“ на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот рече дека рускиот напад врз Украина со нов тип балистичка ракета е „јасна и сериозна ескалација“ во војната и повика на силна осуда од меѓународната заедница.

„Ова е јасна и сериозна ескалација на размерите и бруталноста на оваа војна“, напиша Зеленски на Х, по нападот на градот Днипро во центарот на земјата.

„Употребата на балистичка ракета против Украина денес е уште еден доказ дека Русија не е заинтересирана за мир. Светот мора да одговори. Засега нема силна реакција од светот“, се пожали зеленски.

Рускиот претседател Владимир Путин, кој минатата седмица предупреди дека американск а т аи британската дозвола Киев да гаѓа цели длабоко на руска територија со ракетите со долг дострел кои му ги испорачуваат и всушност ги изведуваат нивни воени екипажи претставува „опасна ескалација на војната“, во телевизиско обраќање рече дека Русија во четвртокот истрела хиперсонична балистичка ракета со среден дострел врз украински воен објект како одговор на употребата на американски и британски ракети од страна на Киев.

Во коментарите на X, Зеленски рече дека признавањето на Путин за употребата на новото оружје е уште една ескалација во војната, која сега трае повеќе од 1.000 дена, по наводното распоредување на севернокорејските трупи на руска територија кое досега не е докажано.

„Путин не само што ја продолжува војната, тој им плука во лице на оние во светот кои навистина сакаат да го вратат мирот. Светот мора да одговори. Во моментов нема силна реакција од светот… Недостигот на силни реакции на акциите на Русија испраќа порака дека таквото однесување е прифатливо“, осудува Зеленски.