Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во неделата дека на неговата земја ѝ е потребно повеќе оружје и безбедносни гаранции на НАТО пред можните разговори со Русија за ставање крај на инвазијата во Украина што започна во 2022 година.
Зеленски ова го изјави по средбата со новата шефица на европската дипломатија, Каја Калас и новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта, и двајацaтa во симболичната посета за поддршка на Киев на првиот ден од нивниот мандат.
Додека апелите за почеток на преговори со Москва стануваат сѐ поитни и почести, а сојузниците на Киев ги нагласуваат, Зеленски смета дека на неговата земја ѝ треба „оружје, вклучително и доволна количина различно оружје за долги растојанија“.
„Поканата за Украина за членство во НАТО е неопходна за нашиот опстанок“, рече украинскиот претседател.
Истовремено, Москва тврди дека ја започнала инвазијата токму за да го спречи НАТО преку Украина, нејзиниот „мек стомак“ да се доближи до позиции од кои лесни цели се руските стратешки позиции. Истовремено, Москва повеќепати нагласуваше дека секакви предлози за запирање на војната треба да ги опфаќаат демолитаризацијата и неутралниот статус на Украина.
„Само кога ќе ги имаме сите овие елементи и кога ќе бидеме силни, ќе треба да ја одредиме… агендата за средбата со убијците“, рече Зеленски.
Неколку часа претходно, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека неговата посета на Киев претставува „јасна порака“. „Сè уште сме со Украина и продолжуваме да ѝ даваме целосна поддршка“, им рече тој на присутните новинари.
Кошта ѝ вети на Украина брз напредок во процесот на пристапување во ЕУ, велејќи дека ќе работат заедно за да отворат најмалку две области на пристапните преговори во првата половина на следната година. Исто така, уверуваше и за натамошна финансиска помош од ЕУ во борбата против руската инвазија и се заложи за напорите насочени кон усвојување на 15-иот пакет санкции против Русија.
Кошта истакна дека почнувајќи од следната година, приходите од замрзнатите руски средства во ЕУ ќе обезбедуваат 1,5 милијарди евра месечна помош за Украина. Покрај тоа, Коста уверуваш дека натамошните санкции наводно ќе го зголемат притисокот врз руската економија и ќе ги поткопаат нејзините воени напори.
Новиот тим челниции на Европската унија сака да покаже силна поддршка за Украина во време кога нејзините сили се повлекуваат од првата линија и кога претстојното доаѓање на Доналд Трамп во Белата куќа ги зголемува стравувањата од намалување па дури и целосно запирање на американската помош за Киев.
„Ситуацијата во Украина е многу, многу сериозна, но јасно е дека Русија, исто така, плати многу висока цена“, рече Каја Калас, поранешната премиерка на Естонија, позната како застапник на радикална линија кон Москва.
Калас потврди дека „најсилната гаранција за безбедност е членството во НАТО“.
Но, западните дипломати веруваат дека има мали шанси Алијансата да ѝ обезбеди на Украина статус на членка во блиска иднина, со оглед на противењето на голем број земји кои стравуваат од директно вклучување во војна со Русија.
Калас рече дека ЕУ не треба да „исклучува ништо“ кога станува збор за испраќање европски трупи на украинска територија за да помогнат во спроведувањето на евентуалниот прекин на огнот, уште еден потег што носи ризик од директен конфликт со Москва.
ЕУ ќе продолжи да се залага Киев да биде во силна позиција во случај на преговори со Москва, појасни Калас, признавајќи сепак дека станува „сè потешко“ за 27-те земји-членки да се договорат и да се договорат за нови начини за зголемување на поддршката за Украина.