Зеленски сака преговори надвор од Белорусија и формира „странска легија“

Украинскиот претседател Владимир Зеленски повторно ја отфрли во неделата руската понуда за преговори во белорускиот град Гомел, обвинувајќи ја земјата за наводно учество во руската офанзива во неговата земја, и истовремено повикувајќи странски доброволци да дојдат во Украина.

„Варшава, Белорусија, Будимпешта, Истанбул, Баку. Ги предложивме. И секој друг град би ни одговарал, сѐ додека не бидат истрелани ракети од нивната териотирија“, изјави Зеленски во видео-снимка на интернет.

Обраќајќим им се на Белорусите, Зеленски порача „Доколку од вашата територија немаше офанзивни акции, би можело да се разговара во Минск“.

Белорускиот претседател Александр Лукашенко веднаш реагираше дека од неговата земја не е изведена ниедна операција во рамките на руската офанзива, но забележа дека од украинска територија на белоруска се пренесува оружје кое е наменето за опозициските милитантни групации во Белорусија.

Лукашенко го повика Киев во неделата да седната на масата и да одржаат преговори со Русија, за Украина да не ја загуби својата државност во сегашната форма, пренесува агенцијата РИА.

Советникот на украинскиот претседател, Михаил Подолјак за AFP изјави дека Украина сака „вистински преговори“ со Русија за нејзината воена офанзива без ултиматуми, нарекувајќи ја одлуката на Москва да испрати делегација во Белорусија „пропаганда“.

Уште во петокот, ден по почетокот на офанзивата во Украина, Русија го запре напредувањето на својата војска и предложи преговори со Киев во Минск. Во неделата Кремљ ја повтори својата понуда.

Руската делегација пристигна во Гомел и рече дека ќе чека до 15 часот по локално време. Во составот на делегацијата се високи претставници од министерствата за надворешни работи и за одбрана, како и од кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин.

„Стасале во Гомел знаејќи дека тоа е бесмислено. А сега велат – ние чекаме. Позицијата на Зеленски останува непроменета: само вистински преговори, без ултиматуми“, изјавил за Reuters Подолјак.

Украинскиот претседател повторно бараше од светот да го поништи правото на глас на Русија во Советот за безбедност на Обединетите нации и рече дека руските акции во неговата земја се на „работ од геноцид“.

„Руските криминални акции против Украина носта знаци на геноцид“, напиша Зеленски.

Го поздрави и формирањрот на „меѓународната коалиција“ на земји против Русија која ѝ даваат помош на Украина.

„Примаме оружје, лекови, храна, гориво, пари. Се создаде силна меѓународна коалиција која ја поддржува Украина, антивоена коалиција“, истакна Зеленски.

Ги поздрави на Германија и Белгија, најновите земји кои најавија испраќање оружје во Украина, како и договорот за исклучување на руските банки од меѓународниот систем SWIFT.

Зеленски воедно ги повика и странски доброволци во Украина, којашто формира како што рече легија на странците за доброволци од станствпо. „Тоа ќе биде клучбнииот доказ за вашата поддршка на нашата земја“, објави украинскиот претседател во соопштение, пренесува Reuters.

Но Москва веќе подолго време предупредуваше дека странски платеници и припадници за западни воени приватни агенции.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров уште на 18-ти февраури предупреди во петокот дека Москва поседува информаци дека платеници од поранешната српска јужна покраина Косово, од Албанија и од Босна и Херцеговина се испратени на линијата на раздвојување во источната украинска област Донбас со претежно руско и рускојазично население кое е во конфронтација со властите во Киев по превратот од 2014 година.

„Русија внимателно ги проверува информациите кои сугерират дека се регрутираат платеници за воени дејствија во регионот на Донбас од самопрогласеното Косово, Албанија и од Босна“, изјави тогаш Лавров на прес-конференција.