Зеленски: Санкциите за руската нафта значително ќе влијаат на руското финансирање на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги поздрави новите американски санкции против рускиот нафтен сектор и нејзината таканаречена флота на танкери во сенка.

-Овие мерки нанесуваат значителен удар врз финансиските основи на руската воена машинерија со нарушување на целиот синџир на снабдување, рече Зеленски на платформата X.

Тој изрази благодарност за британските санкции наметнати на руските нафтени компании, велејќи дека Лондон „придонесува за нарушување на способноста на Путин да ја финансира агресија“.

-Ги цениме континуираните напори на Обединетото кралство да ги опструира операциите на руската флота во сенка, кои остануваат клучен дел од нејзината трговија со нафта, напиша тој.