Виктор Медведчук, кој го предводи политичкиот совет на украинската партија Опозициска платформа – за живот, претходно беше во домашен притвор. Во февруари 2022 година, според Министерството за внатрешни работи на Украина, Медведчук избегал од домашен притвор.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, на Фејсбук објави дека тајните служби го фатиле кумашинот на Путин во Украина, Виктор Медведчук, јавува Нова. Путин е кум на неговата најмлада ќерка Дарја. Инаку, Медведчук е еден од најбогатите луѓе во Украина, а Форбс неговото богатство се проценува на 620 милиони долари.
„Беше во бегство“, напиша новинарот Оливер Керол на Твитер.
Во следниот твит новинарот изјави дека Медведчук, кумот на децата на Путин, е многу контроверзна личност во Украина.
„Порошенко го искористи за да стигне до Путин. Зеленски го стави во домашен притвор“, напиша тој.
Виктор Медведчук, кој го предводи политичкиот совет на украинската партија Опозициска платформа – за живот, претходно беше во домашен притвор. Во февруари 2022 година, според Министерството за внатрешни работи на Украина, Медведчук избегал од домашен притвор.
Да потсетиме, украинските власти го сомничат за Медведчук за велепредавство и за обиди за грабеж на националните ресурси на полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.