
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот изјави дека „сериозни“ членови од тимот на американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја посетат Украина првпат оваа седмица, додека наводно се интензивираат дипломатските напори за ставање крај на војната со Русија.
Зеленски рече дека посетата ќе се случи пред Минхенската безбедносна конференција, која ќе трае од 14-ти до 16-ти февруари.
„Оваа седмица, некои сериозни членови на тимот на Трамп ќе бидат во Украина“, рече Зеленски, без да наведување имиња, во видеото објавено од новинската агенција УНИАН.
Украинскиот претседател, исто така, потврди дека планира средба со американскиот потпретседател ЏејДи Венс за време на безбедносната конференција во Минхен и дека неговиот тим, исто така, се обидува да договори средба со Трамп.
„Нашите тимови, исто така, работат на дијалог и средба со претседателот Трамп“, потврди Зеленски, неколку дена откако Трамп рече дека „веројатно“ ќе се сретне со него оваа седмица.
Соединетите држави останаа најважниот сојузник на Украина далеку пред почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, уште во подготовките на насилниот преврат во Киев во март 2014 година, а украинската власт сега се обидува да ја привлече новата администрација на Трамп нудејќи партнерство во развојот на стратешките наоѓалишта на минерали и ретки. Меѓутоа, американскиот претседател претходно таа опција ја спомена како начин на кој Киев би ги исплатил заемите и пратките оружја од Вашингтон.
Руските трупи континуирано напредуваат со месеци и освоија стратешки утврдувања на уркаинската армија на истокот, додека украинската армија не може да го надмине големиот недостиг од војници и е загрижена за идните испораки на оружје од странство.
Зеленски рече дека е „клучно тој лично да се сретне со американскиот претседател“ за да се „дефинира стратегија пред да седне на преговарачка маса“ со рускиот претседател Владимир Путин.
Трамп не ја објави својата стратегија за завршување на војната, вклучително и дали САД ќе продолжат да испраќаат оружје во Украина. Во неделата тој рече дека бил во контакт со Путин, но не прецизираше кога. Кремљ ниту ги потврди, ниту ги демантираше овие контакти.
Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, главен руски дипломат за односите со САД, претходно во понеделникот рече дека сите услови на Путин мора да бидат целосно исполнети пред војната да заврши.
Овие услови вклучуваа досега повлекување на Украина од влезот во НАТО и повлекување на украинските војници од територијата на четири региони со доминатно руско и рускојазично население на кои Русија полага право на нив и речиси целосно ги контролира.
Украина и нејзините европски сојузници ги отфрлаат овие барања како капитулација, но забележливо е повелекувањето од претходната реторика дека Русија „мора да биде поразена“ и „последниот руски војник да биде избркан од Укрина“.
Специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија, Кит Келог, треба да го посети Киев овој месец, откако неговата претходна посета беше одложена пред инаугурацијата на Трамп.