Зеленски: Ситуацијата на бојното поле е подобра од претходните три месецa

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата на бојното поле е подобра отколку во последните три месецa и тврдеше дека руските сили наводно повеќе не напредуваат по заземањето на источниот град Авдиевка минатиот месец.

Во интервју за француската телевизија BFMTV, Зеленски рече дека Украина ја подобрила својата стратешка позиција и покрај недостигот од оружје, но посочи дека ситуацијата може повторно да се промени доколку не добие нови пратки.

„Ситуацијата е многу подобра отколку што беше во претходните три месеца“, рече Зеленски во интервјуто емитувано вечерта во понеделникот.

„Имавме одредени потешкотии поради недостигот од артилериски гранати, воздушната блокада, руското оружје со долг дострел и високиот интензитет на напади од руски беспилотни летала. Работевме на многу ефикасен начин… против руските воздухопловни сили. Се опоравивме на истокот. Напредокот на руските сили е запрен“, тврдеше Зеленски но не посочи конкретно ниеден правец на боиштетот.

Руското заземање на Авдиевка ја олесни одбраната на регионалниот центар Доњецк, кој е оддалечен 20 километри. Руските сили потоа напредуваа уште најмалку дваесеттина километри по длабочината на фронтот и заземаа група села и населени места зад Авдиевка кон централна Украина.

Минатата седмица украинските воени портпароли тврдеа дека руските сили наводно повеќе не напредуваат и дека украинските сили ја подобриле својата позиција, меѓутоа извештаите на западните медиуми не можат да ги потврдат тие наводи.

„Руските сили срамнија сè со земја за време на повеќемесечното бомбардирање на Авдиевка“, рече Зеленски. „Веќе не можеме да зборуваме за градот бидејќи во Авдиевка сѐ е уништено“, продолжи украинскиот претседател.

Руските сили, додаде Зеленски, се супериорни во однос на оружјето со долг дострел.

Зеленски тврдеше и дека украинските сили наводно собориле „голем број“ руски авиони и дека „продолжуваат силно да оперираат во Црното Море“, каде постојано се напаѓани руски воени цели.

Киевските сили изградија три линии на утврдувања на повеќе од 1.000 километри територија, додаде тој.

Медиумските извештаи од теренот говорат дека украинската војска забрзано формира одбранбена утврдена мрежа по примерот на руската ткна „Суровикин линија“ која беше создадена во очекувањето на долгонајавувана украинска противофанзива која запона на почетокот од јуни 2023 година за по половина година Киев да признае дека не дала никакви резулатати. И покрај големото количество тенкови и тешки оклопни борбени возила и ракетни системи со долг дострел, Киев тврдеше на крајот дека недостигот од муниција и жива сила е главна причина за неуспехот на контраофанзивата.

Зеленски, исто така, рече дека верува оти рускиот ракетен напад врз Одеса, додека тој и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го посетија пристанишниот град минатата недела, покажа дека лидерот на Кремљ, Владимир Путин „изгубил контакт со реалниот свет“.

„Дали ме целеше? Тоа сега не е важно“, рече тој. „Кога ќе извршите напад со крстосувачки проектил на неколку стотици метри од европскиот лидер, мислам дека мора да сте навистина болен“.

Официјална Москва во врска со овој инцидент отфлри дека гаѓала цивилна област во Одеса, инаку град со мнозинско руско и рускојазично население, туку дека биле погоден погони во кои се склопувале дронови испорачани од британската војска и далеку од местото на средбата на двајцата политичари. Притоа, руската страна го постави прашањето зошто во тој случај не се огласиле сирените за воздушна опаснот кога се одржувал состанокот.