Ракета истрелана од руските сили денеска погоди трговски центар во градот Кременчук во централна Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, нагласувајќи дека не e можно да се замисли бројот на жртвите.
Според него, во моментот на нападот во трговскиот центар имало повеќе од 1.000 лица.
Тој не даде детали за бројката на загинати и повредени, но рече дека „невозможно е да се замисли за бројот на жртвите“.
Претходно гувернерот на областа Полтава, Дмитриј Лунин изјави дека руските сили денеска погодиле цивилен објект во Кременчук и дека во нападот има жртви.
-За жал, има жртви. Повеќе информации за тоа ќе следат подоцна, рече Лунин.