Руските сили досега окупираа две украински нуклеарни централи и напредуваат кон третата, изјавил украинскиот претседател Владимир Зеленски за време на разговорите со американските сенатори.
Зеленски истакнал дека во моментов е загрозен третиот објект, јужноукраинската нуклеарна централа, која се наоѓа на 120 километри северно од Миколајив, еден од ретките градови што Русите ги опколиле во текот на денот, пренесува Associated Press.
Електраните под руска контрола се Запорожје во градот Енергодар, најголемата нуклеарна централа во Европа, а другата е Чернобил, која не е активна, додека претходно руското гранатирање предизвика пожар во Запорожје, кој беше изгаснат без ширење на радијацијата.
Русија во врска со инцидентот во Запоржје ги обвини украинските ултранационалистички праравоени милиции кои отвориле оган од објект на територијата на нуклеарката со цел да предизвикаат возвратен оган од руските војници, а откако биле потиснати и принудени да отстапат предизвикале пожар на неколку ката од објектот кој не е директно поврзан со централата и постројките за производство енергија.