![Володимир Зеленски](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/05/Volodimir-Zelenski.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Претседателот на Украина Володимир Зеленски оцени дека судбината на Донбас се решава во битката за Северодоњецк.
Зеленски во видеообраќање рече дека битката за Северодоњецк е една од најтешките во војната со Русија.
– Северодоњецк останува епицентарот на конфликтот во Донбас, нагласи Зеленски.