
Украинската војска трпи големи загуби во борбите со единиците на проруските сепаратисти и руската војска кај источниот град Северодоњецк и во регионот на Харков и ѝ е потребно противракетно оружје рече во вообичаеното доцно ноќно обраќање украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Во обраќањето Зеленски истакна дека на Украина современото противракетно вооружување ѝ е „потребно сега“. Порача дека „нема оправдување“ за тоа што земјите партнери ги одложуваат испораките на оружја.
Според него „некои руски ракети ја избегнуваат одбраната“ и предизвикуваат жртви.
„Најжестоките битки, како и досега се водат во Северодоњецк и блиските градови и населби. Загубите, за жал, се болни. Но мораме да бидеме силни, тоа е исклучително важно за Донбас. Колку повеќе загуби непријателот таму ќе претрпе, толку помалку сили ќе има за продолжување на трагедијата“, додаде Зеленски.
Украинските сили бележат „болни загуби“ и во регионот на Харков, источно од престолнината Киев, каде што Русија „се обидува да го зајакне позициите откако неодамна беше потисната“, тврдеше Зеленски во продолжението на обраќањето./
„На тоа подрачје борбите продолжуваат и бие мораме да продолжиме да се бориме, мораме жестоко да се бориме“, истакна украинскиот претседател.