Зеленски тврди дека Киев не примил официјално барање за посета на Штанмаер

Киев не примил официјално барање од Берлин за посета на германскиот претседател Франк-Валтер Штанмаер, кој сакал да ја посети Украина со другите шефови на држави, изјави во средата ноќта укранскиот претседател Владимир Зеленски по целодневното препукување во медиумите меѓу двете страни.

„Ниту јас, ниту нашиот кабинет не примивме официјално барање од германскиот претседател или од кабинетот на германскиот претседател во врска со таа посета на Украина. Ние сме слободна земја. Можеме да си дозволиме… да бидеме меѓу оние кошто вистински нѐ поддржуваат, да бидеме меѓу вистинските пријатели“, изјави Зеленски на прес-конференција.

Германскиот претседател Штајнмаер претходно во вторникот рече дека имал намера да отпатува во Украина заедно со полскиот претседател и челниците на балтичките земји, но дека Киев тоа не го сакал.

Штајнмаер рече дека имал намера да отпатува во Киев за на „Украина да ѝ се упати силен сигнал на европската солидарност, но Киев тоа не го сакал“.

Потоа во средата, советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Серхиј Лешченко, негираше во разговор за CNN дека Зеленски ја одбил понудата на Штанмаер да го посети Киев, како што тоа претходно го објави германскиот весник Bild.

Весникот извести дека Зеленски ја одбил намерата на Штајнмаер поради неговите блиски односи со Русија последните негови годни и неговата долгогодишна поддршка за руско-германскиот гасовод Сверен тек 2. Почетокот на функционирањето на гасоводот со кој требаше да се удвои количеството испорачан гас во Германија, во меѓувреме поради украинската војна е одложено.

Последните седмици германскиот претседател Франк-Валтер Штанмаер во Киев жестокот го критикуваа „поради односите со Русоја и недостиг од цврстина кон Москва“. На почетокот од април самиот призна дека погрешно го проценил рускиот претседател Владимир Путин, како и дека згрешил што го поддржувал Северен тек 2. Неговите социјалдемократи, кои се на власт во Германија, беа силни приврзаници на приближувањето на Берлин и Москва.

На почетокот од април, украинскиот амбасадор во Берлин, Андриј Мелник, кој честопати беше повикуван во германското министество за надворешни работи поради неговите критики за Германија која одбиваше долго да испорача оружје за Украина, рече дека Штајнмаер „со децении е политички близок“ на Русија.

„За Штајмаер односот со Русија е нешто фундаментално, дури и сввето, што и да се случи. Путин верува дека не постојат украинска нација, јазик, култура, па така ниту држава. Се чини дека Штајнмаер ја споделува идејата дека Украинците не се народ“, изјави Мелник тогаш за германскиот дневен весник Tagesspiegel.

Според Мелник, Германија и натаму има премногу интереси во Русија, како што се зависноста од гасот, нафтата и јагленот, а Штајнмаер е делумно виновен поди одлуките кога неше министер за надворешни работи и вицеканцелар.

„Штајнмаер низ децении развиваше пајажина од контакти во Русија. Многу луѓе кои се во владеајачката коалици, исто така, се дел од неа“, рече Мелник и притоа ги именуваше Јенс Плотнер, советник за надворешна политика на актуелниот германски канцелар Олаф Шолц, како и Андреас Михаелс, државен секретар во министерството за надворешни работи.

„Меѓу нив има и важни амбасадори, што ја прави разликата“, рече Мелник кој претходно го бојкотираше концерто за солидарност со Украина кој го организираше Штајнмаер, велејќи дека тоа е „јасен сигнал“ до Москва, дека германскиот претседател не подлегнува на притисоци.