Украинскиот претседател Владимир Зеленски во неделата тврдеше дека наводно некои руски претприемачи понудиле парична помош на Украина и на нејзината војска.
Во интервју со неколку руски медиуми означени како „странски медиуми“ во Русија, што значи дека се финансирани од странски извори, Зеленски тврдеше дека наводно „добил сигнали“ од неколку руски претприемачи, па така и од милијардерот Роман Амбрамович, близок на рускиот претседател Владимир Путин, кој е под санкции на Велика Британија и на Европската унија.
„Добивме сигнали од него и од уште некои претприемачи кои ни рекоа: ‘можеме да помогнеме на овој или оној начин, можеме нешто да направиме“, тврди Зеленски без да понуди докази.
„Некои рекоа дека се подготвени во обвновувањето на земјата по војната. ‘Спремни сме да ги пренесеме дејностите во Украина, живееме во Англија или некаде во Швајцарија, ние тоа го сакаме. Но што да направиме повеќе да не бидеме на листата за санкции?’“, тврди натаму Зеленски.
„Некои не сакаат да го откријат името и велат дека сакаат да ѝ помогнат на нашата војска, иако се државјани на Руската Федерација“, додава украинскиот претседател во обидот да испрати пропаганда порака за руските граѓани,
Зеленски истакнува дека Украина, без оглед на тоа кои се претприемачите кои сакаат финансиски да ја поддржат украинската војска, е подготвена „да ја гарантира нивната безбедност, да им осигури работа и да им овозможи развој на дејностите“.
„Зборуваме конкретно за санкциите во нашата земја. Можеме за нив да разговараме, можеме да разговараме за промена на државјанствата на тие луѓе“, изјави поранешниот телевизиски комичар истакнувајќи дека тоа „не мора да се направи јавно“.
Претходно во средата весникот The Wall Street Journal, Зеленски, кој е етнички Евреин, наводно го замолил американскиот претседател Џо Бајден да не го санкционира исто така израелскиот државјанин од еврејско потекло Роман Абрамович, оценувајќи дека тој може да посредува во мировните преговори меѓу Украина и Русија.
Уште на 28-ми февруари, израелските медиуми објавија дека на првата средба на делегациите на Русија и Украина на преговорите во Белорусија, по барање на Киев, бил вклучен и Абрамович, кога првиот контакт меѓу двете страни беше договорена со посредство на израелскиот премиер Нанфатли Бенет.