Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во средата во вообичаеното ноќно обраќање дека неговата земја може да стане еден од најголемите производители на оружје во светот и дека е сигурен дека украинската одбранбена индустрија „дефинитивно може да стане еден од 10-те најпродуктивни и најмоќни одбранбени комплекси во светот со текот на времето“.
„Индустријата веќе придонесува за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина во услови на војна и за економски раст и вработување“, тврдеше Зеленски во својата ноќна видео порака во средата.
Зеленски го поздрави договорот со западните партнери, првенствено САД, за заедничко производство на оружје како „едно од нашите најголеми политички достигнувања оваа година“.
„Договорот овозможува производство на модерна воена опрема“, рече украинскиот претседател додавајќи дека производството на западни видови оружје дополнително ќе се локализира, но не даде никакви податоци.
Украинскиот министер за стратешки индустрии, Олександар Камишин, претходно им изјави на новинарите дека Украина тројно го зголемила своето одбранбено производство оваа година.