Зеленски: Украина не е тампон зона меѓу Западот и Русија, таа во иднина ќе биде членка на ЕУ

Украинскиот претседател Владимир Зеленски, по повод синоќешното доделување на кандидатскиот статус на неговата земја за членство во Европската унија, во петокот  изјави дека Украина во иднина ќе стане членка на ЕУ и дека тоа сега е фиксирано на официјално ниво.

Добивањето кандидатски статус за членство во ЕУ Зеленски во видео порака го нарече ​​„точка од која нема враќање“, соопшти неговата прес-служба.

„Денеска е признато: Украина не е мост, не е перница меѓу Западот и Русија, не е тампон меѓу Европа и Азија, не е сфера на влијание, не е сива зона, не е транзитна територија. Таа не е граница меѓу орките и џуџињата. Украина е иден рамноправен партнер со најмалку 27 земји од ЕУ“, изјави Зеленски, пренесен од украинските медуми.