Зеленски уверува: Ќе ги вратиме сите наши градови

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во вообичаеното ноќно обраќање кон неделата тврдеше дека Украина ќе ги сите градови коишто ги заземаа силите на проруските сепаратисти и руските трупи, вклучително и Северодоњецк во кој дефинитивно повеќе нема украински борци по речиси цел месец жестоки борби.

Зеленски во обраќањето до нацијата реч дека „украинскиот дух нема да биде скршен“. „И затоа сите наши градови, Северодоњецк, Доњецк, Луганск… сите ќе бидат вратени“, рече украинскиот претседател.

Ова е првпат од почетокот на војната, па и руската офанзива во Северодоњецк, Зеленски да го споменува овој стратешки град на работ од доминантната руска и рускојазична источна украинска област Донбас.

„Во оваа фаза, војната е душевно и емотивно тешка… Не знаеме колку долго ќе трае, колку уште удари ќе претрпиме пред да видиме дека победата е на повидок“, додаде Зеленски.

Оцени дека „постојаните напади се доказ“ дека санкциите на Западот против Русија „не се доволни да ѝ се помогне“ на Украина.

„Потребно ни е оружје. Модерните противвоздушни системи коишто ги поседуваат нашите партнери, не би требало да бидат за полигоните за обука или во складиштата. Потребни ни се тука, на теренот“, рече украинскиот претседател.