Зеленски вели дека не бил информиран за протекувањето на доверливите материјали на Пентагон

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за американскиот дневен весник The Washington Post вели дека Белата куќа не го информирала за истекувањето на информации од тајни документи на Пентагон.

„Не сум добил претходни информации од Белата куќа или од Пентагон. Ова е неисплатливо за нас. Тоа не е добро за угледот на Белата куќа и мислам дека не е добро за угледот на САД“, вели Зеленски.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников на 12-ти април изјави дека протечените американски доверливи документи содржат мешавина од вистинити и лажни информации за војската на неговата земја и го минимизираат нивното негативно влијание.

„Ние сме во постојана комуникација со нашите украински колеги за голем број прашања, вклучително и во однос на отворените обелоденувања, но нема да навлегуваме во детали за тие доверливи дискусии“, рече како одговор на коментарите на Зеленски, портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби

Портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Патрик Рајдер, изјави дека американскиот министер за одбрана Лојд Остин разговарал со голем број сојузници, вклучувајќи го и Резников, за ова прашање.

„Остин имаше голем број телефонски и лични разговори со нашите сојузници и партнери ширум светот за да разговара за ова прашање, за да нагласи колку сериозно го сфаќаме ова прашање, вклучително и неколку разговори со неговиот украински колега, министерот Резников“, изјави Рајдер за CNN.