Зеленски вели дека војната во Украина нема да запре без преговори

Украинскиот претседател Владимир Зеленски повтори дека е „подготвен на преговори“ со рускиот претседател Владимир Путин, истакнувајќи дека „без преговори, војната нема да запре“, во разговорот за американската телевизија CNN објавено во неделата.

„Подготвен сум на преговри со (Владимир Путин). Подготвен сум вечќе две години и мислам дека без преговори, војната нема да запре“, вели Зеленски.

Украинскиот претседател ги оправдуваше повеќето кругови од преговорите меѓу делегациите на Киев и Москва одржани од почетокот на рускиот напад на 24-ти феврури, оценувајќи дека во текот на нив имало „многу што вреди“.

„Доколку постои и само еден отсто од шансите да се запре оваа војна, мораме да ја искористиме“, рече Зеленски.

Турција, која има тесни соработки и со двете земји и настојува да поредува меѓу Русија и Украина, преку својот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу дека Москва и Киев постигнале напредок во преговорите.

„Соочени со руската војска која влезе во Украина да го истреби населението, мораме да ги искористиме сите формати, сите можности за преговори, можноста за разговор со Путин…  Ако тие обиди не успеат, тоа би значело дека ова е Третата светска војна“, предупреди Зеленски.

Чавушоглу претходно во неделата за турскиот дневен весник Hurriyet изјави дека дошло до „приближување на позициите на двете страни по важните теми, клучните теми“.

„Можеме да кажеме дека се надеваме на примирје доколи страните не одат чекор наназад од моменталните позиции“, вели Чавушоглу без да навлегува во поединости.

Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин во разговорот за катарската телевизија Al Jаzeera изјави дека двете страни се приближуваат на четирите клучни прашања. Го наведе руското барање Украина да се откаже од своите амбиции да му се придружи на НАТО, демилитаризацијата на земјата, потоа она што Москва го нарекува „денацификација“ односно исклучување и забранување на ултранционалистичките и неонацистички паравоени формации и партии, како и заштите на рускиот јазик, кој во Украина го зборуваат речиси половината од вкупното население, на позициите од пред преврат во Киев во 2014 година кога беше забранета употребата на јазиците на малцинствата и ускратени малцинските права.