Зеленски вети дека ќе го „консолидира одговорот на светот“ кон секој што ѝ помага на Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во редовното прекуноќно обраќање доцна во вторникот вети, без да го спомене Иран, дека тој „ќе консолидира силен глобален одговор на секојао сила што ги помага руските воени напори и го поттикнува или продолжува конфликтот меѓу Киев и Москва.

„Сакам да им кажам на сите во светот кои сè уште сакаат некако да му помогнат на (рускиот претседател Владимир) Путин. Ќе направиме сѐ не само да ја одбраниме нашата земја и народ, туку вистински да го консолидираме светот за силни одговори на поттикнување војна или какви било обиди за нејзино продолжување“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање.

Германија, Франција и Велика Британија во вторникот објавија дека воведуваат нови санкции против Иран поради наводна продажба на балистички ракети на Русија. Таквите тврдења, кои Иран од мината седмица неколкупати ги негираше, досега не се потврдени со никаков доказ.
.
„Франција, Германија и Обединетото Кралство силно го осудуваат извозот на Иран и руската набавка на ирански балистички ракети… Тоа е натамошна ескалација на воената поддршка на Иран за руската воена агресија против Украина и ќе доведе до тоа иранските ракети да стигнат до европска територија, зголемувајќи го страдањето на украинскиот народ… Оваа ескалација на Иран и Русија е директна закана за европската безбедност… Ќе преземеме итни чекори за раскинување на билатералните договори со Иран за воздушните услуги… Дополнително, ќе работиме на идентификување на важни субјекти и поединци поврзани со иранската балистичка програма и трансферот на балистички ракети и друго оружје во Русија. Ќе работиме и на воведување санкции против Iran AirИран“, се вели во заедничката изјава на трите земји во вторникот.

На заедничката прес-конференција со неговиот британски колега Дејвид Лами во вторникот во Лондон, американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека САД го предупредиле Иран дека снабдувањето на Русија со такво оружје ќе биде „драматична ескалација“. Блинкен најави нови американски санкции против Иран како резултат и рече дека очекува американските сојузници и партнери да преземат свои мерки.

Киев го повика на разговори амбасадорот на Иран откако оваа седмица се појавија медиумски извештаи за наводна претстојна испорака на ирански проектил во Русија.

Иранските ракети имаат максимален домет од околу 120 километри и потенцијално би ѝ овозможиле на Русија да го користи сопствениот арсенал за да гаѓа цели подалеку од линијата на фронтот, рече Бликен.

„Овие случувања и зајакнувањето на соработката меѓу Русија и Иран ја загрозуваат европската безбедност и докажуваат дека дестабилизирачкото влијание на Иран има многу поширок дострел од Блискиот Исток“, рече Блинкен.

За возврат, Русија наводно му ја дава на Иран технологијата што ја сака.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, ги негираше наводите. Тој рече дека е тажно што „некои страни кои и самите се дел од војната“ упатуваат обвинувања против Исламската Република Иран за политички цели.