![mariupol](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/mariupol-6.jpg?resize=658%2C437&ssl=1)
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 100.000 луѓе во Мариупол се без храна, вода и лекови.
Претходно, Општина Мариупол соопшти дека градот вчера бил погоден од две „супермоќни бомби“, но не наведе дали има жртви.
– Окупаторите не ги интересира градот … сакаат да го срамнат со земја, се наведува во соопштението на градската управа.
Зеленски посочи и дека разговорите со Русија се тешки и понекогаш конфронтирачки, но „одиме чекор по чекор напред“.