Зеленски во Вашингтон: Се надевам дека можеме да сметаме на помошта од САД

Украинскиот претседател Володомир Зеленски порача во понеделникот на Универзитетот за национална одбрана на САД дека се надева дека сѐ уште може да смета на американската воена помош, со што ја започна посетата на Вашингтон што се смета за клучна во екот на блокирањето на виталната америанска помош за Украина во војната против Русија.

„Нема да се откажеме. Знаеме што треба да сториме и моќете да сметата на Украина, а се надеваме дека во иста мера можеме да сметаме на вас“, рече Зеленски во своето обраќање на Универзитетот за национална одбрана на САД (National Defense University).

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден го предипредува Конгресот дека необновувањето на воената помош за Украина би можело да преставува целосен колапс на речиси двегодишниот украински отпор на руските трупи, што според нив создава и закани за националната безбедност за колективниот Запад.

Бајден во таква атмосфера ги повика Зеленски на средба во Белата куќа во вторник, а украинскиот челник треба да се сретне и со американските конгресмени во настојувањата да биде деблокирана новата воена помош за Украина и за Израел.

Републиканците и демократите во Конгресот со месеци дебатираат како да одговорат на барањето на демократскиот претседател Џо Бајден за милијарди долари финансирање за Украина за борба против Русија, Израел по нападот на 7-ми октомври од страна на исламистичките милитанти Хамас, американските интереси во Индо-Пацификот и меѓународната хуманитарна помош.

Двете барања на Белата куќа Конгресот да ги усвои законите за потрошувачката, сепак, не успеаја да минат а нервозата се шири во американскиот Конгрес бидејќи ќорсокакот се заканува да се протегне и во 2024 година. Демократите тврдат дека помагањето на сојузниците е од суштинско значење за поддршката на „глобалната демократија и одбрана од автократиите“.

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин „сѐ уште се надева дека ќе постигна победа во Украина“. Остин, исто така, понуди гаранции за „непоколебливата“ поддршка на Вашингтон за Киев.

„И покрај своите злосторства и покрај изолацијата, Путин и натаму верува дека може да ја надживее Украиан и дека може да ја надживее Америка. Но не е во право… Американските обврски мора да се почитуваат“, рече во понеделникот Остин очигледно апелирајќи на конгресмените.

Само од почетокот на војната кон крајот на февраури 2022 година, американскиот Конгрес одобри повеќе од 110 милијарди долари за Украина, иако како што минатата седмица рече портпаролката на Белата куќа во обидот да ги одоброволи конгресмените – најмногу од тие средства остануваат во САД за купување оружје од тамошниот воено-индустриски комплекс. Меѓутоа, откако републиканците го преземаа мнозинството во Претставничкиот дом во јануари, во Конгресот не се одобрини нови средства, бидејќи бараат демократите да се согласат со нивните барања за зајакнување на безбедноста на границата кон Мексико,

До средината на ноември, министерството за одбрана на САД искористило 97 отсто од 62,3 милијарди долари од дополнителното финансирање на Украина, а Стејт департментот гги искористил сите 4,7 милијарди долари воена помош за Украина кои му беа доделен, изјави минатата седмица директорката на кабинетот за управување и буџет на Белта куќа, Шаланда Јунг.