![zelenski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/zelenski.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Украинскиот претседател Владимир Зеленски во вторникот побарал од владата да го анализира прашањето за легализација на браковите на лица од ист пол, но рекол дека таквата одлука не може да биде донесена додека трае војната со Русија.
Прозападните власти во Киев, кои се протежирани од Западот и плаќани од невладините западни организации уште при подготовките за превратот во 2014 година, во согласност со нивните иницијативи ги зајакнаа иницијативите за носење закони во полза на лицата од LGBTQ+. Во 2015 година парламентот го усвои законот за забрана на дискриминација на работното место, но досега не одговори на легализацијата на истополивите бракови.
Зеленски со тоа одговори на електронската петиција која ја отвори за легализација. Во моментов Зеленски отвори уште две електронски петиции, од кои едната е за поставување споменик на американски глумец во порнофилмови за хомосексуалци Били Герингтон во Одеса на местото од споменикот на руската царица Екатерина Втора која се смета за основач на модерниот град во 1794 година.
„Побарав од премиерот (Денис) Шмихал да се позанимава со прашањето изнесено во електронската петиција и да ме информира за релевантните одлуки“, објави Зеленски.
Во модерниот свет, продолжи Зеленски, земјата покажува демократски вредности гарантирајќи им ги на сите истите права.
Но, истакнува дека украинскиот устав го дефинира бракот како заедница на мажи и жена, и истакна дека во воени услови тоа не може да се менува.
Според една анкета спроведена минатата 2021 година, 47 отсто од Украинците имаат негативно мислење за LGBTQ+ заедницата.