Украинскиот претседаетл Володимир Зеленски му го претстави својот „план за победа“ на британскиот премиер Кир Стармер додека се зголемува притисокот врз Обединетото Кралство да ѝ дозволи на Украина да користи веќе испорачаните наведувани ракети „Storm Shadow“ з а да нападне цели длабока на територијата на Русија.
Во трилатералните разговори во Даунинг стрит, каде што е сместен британскиот премиер, Стармер, украинскиот претседател и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте разговараа за војната.
Руте рече дека не постои правна пречка за употребата на западното оружје од страна на Украина против цели во Русија, но одлуките мора да ги донесат поединечните држави кои ќе му го дадат тоа оружје на Киев.
По разговорот Зеленски рече: „Планот за победа има цел да создаде соодветни услови за праведен крај на војната. Му благодарам на Обединетото Кралство за континуираната одбранбена поддршка за нашата земја, вклучително и оружје со долг дострел“.
Зеленски бара дозвола да користи ракети „Storm Shadow“ и друго оружје испорачано од Запад за да ги гаѓа наводно руските воздушни бази и други воени локации што се користат за гаѓање на украинските градови и инфраструктура.
Руте рече дека на Украинците законски ќе им биде дозволено да го сторат тоа како одговор на руските напади.
Новиот генерален секретар на НАТО им рече на новинарите: „Пред сè, зависи од сојузниците, индивидуалните сојузници, да одлучат како може да се користи оружјето што го испорачуваат во Украина. Законски ова е можно бидејќи легално на Украина и е дозволено да го користи своето оружје… доколку тие цели претставуваат закана за Украина“.
Британската влада инсистира дека ракетите „Storm Shadow“ не се клучот за победата на Украина над Русија. Портпаролот на премиерот рече: „Никогаш не е добиена војна со едно оружје. Дискусиите што ги водат Обединетото Кралство, Украина и меѓународните партнери се за цела низа поддршка за Украина во клучните зимски месеци што претстојат“.