Во близина на Милано утринава воз излетал од шините при што најмалку три лица го загубиле животот, 110 се повредени, пренесува агенцијата Анса.
Според италијанските медиуми возот „Тренордо“ доаѓал од Кремона и одел кон миланската станица Гарибалди.
Агенцијата Анса наведува дека при несреќата два вагони од возот се превртеле и дека пожарникарите и спасувачките екипи морале да ги сечат превртените вагони за да ги извлечат патниците.
Повредените веднаш со хеликоптери биле пренесени во околните болници.