Железничка несреќа: Воз прегази момче во скопско Ново село

Едно лице го загуби животот во железничка несреќа што се случи попладнево во скопско Ново село.

Како што објави порталот „Курир“ повикувајќи се на сопствени информации товарен воз кој сообраќал на релација граничен премин Долно Блаце-Трубарево удрил во машко лице кое од здобиените повреди починало на лице место.

Првично и неофицијално лицето чиј идентитет се уште не е утврден, е на возраст од 25-30 години, пишува порталот.

Во моментов на терен се полициски екипи кои вршат увид, а железничкиот и патниот сообраќај се во прекин.

Инаку, ова не е прв ваков случај на железничките пруги низ земјава. На почетокот на месецов во железничка несреќа загина 58-годишен маж. Тој беше прегазен на железничкиот навозник над булевар „Србија“.

Исто така, не се ретки случаите кога жртви на пругите се и луѓе кои напасуваат добиток во близина на пругите по кои сообраќа железничкиот сообраќај во земјава.

Кон крајот на месец мај во железничка несреќа која што се случи на излез од железничко стојалиште Маџари кон Трубарево, животот го загуби 79- гфодишниот К.Ж.од с.Трубарево–Скопје кој напасувал кози покрај пругата.