ЗЕЛС им донираше возила на општините Зрновци и Центар Жупа. Во просториите на ЗЕЛС, денес градоначалникот на Центар Жупа, г-дин Аријан Ибраим и градоначалникот на Зрновци г-дин Борчо Коцев-градоначалник на Општина Зрновци ги потпишаа договорите за примопредавање на две користени возила на ЗЕЛС.
-Станува збор за возила марка ,,Opel“, од кои едното е караван, што се произведени во 2008 година. Овие возила беа доделени низ транспарентен процес со донесена одлука од членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС на последната седница одржана во Кавадарци. На оваа одлука претходеше предлог донесен од формирана Комисија за распределба на двете користени возила на ЗЕЛС, во состав на градоначалниците на општините: Македонски Брод, Жарко Ристески на Студеничани, Азем Садики и на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. За изборот беа утврдени следните критериуми: 1. Општината да ја платила членарината кон ЗЕЛС заклучно со 2023 година; 2. Општината да има реална потреба од возило што ќе се утврди со бројот на возила кој во моментот го има во своја сопственост споредена и дополнително направена проверка на пријавениот број на возила на општините со оној утврден во Државна комисија за спречување со корупција.; 3. Општината да не биде поголема од 10.000 жители; 4. Општината да не припаѓа на скопскиот плански регион- изјави Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.