На првата наредна седница на Здружението на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), градоначалниците ќе расправаат за случајот со струшкиот колега Рамиз Мерко, кој минатата недела беше вклучен на „црната листа“ на САД поради корупција и мешање во судски процеси, пренесе „Алсат“.
Според градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој е член на управниот одбор, ЗЕЛС ги обединува сите 80 општини на доброволна основа, но Здружението не може да го исклучи Мерко од членството.
„Дека имаме можност да го исклучиме, не, тој не е ниту осуден, туку е ставен на „црна листа“ на Америка заради корупција итн, која што државата по ова кажа дека ќе испитала и ќе видела дека има доста недостатоци. Видете, ние не треба да чекаме некој да ни каже дали е корумпиран или не, ние треба да имаме правосуден систем којшто тоа ќе го работи на дневна основа, неповрзано со градоначалникот или кој било друг“, вели Пецаков.
Премиерот Димитар Ковачевски на последната собраниска седница за пратенички прашања рече дека не само градоначалникот на Струга, туку оставки треба да поднесат и сите советници што ги поддржувале неговите одлуки но и дека најдолг период на функцијата Мерко бил во време на коалицијата на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, за последните одлуки за куување на аудито А6 и на уште три други автомобили за општински потреби Мерко доби поддршка од советнциите на СДСМ и на ДУИ.