Министерите за одбрана на групата западноафрикански земји подготвиле план за можна воена интервенција во Нигер со цел да го врватата на власт сооборениот претседател близок на запдните земји, во прв ред на Франција, а планот вклучува временска рамка и налчин на испраќање на војници, објави фунцкионер на ECOWAS во петокот.
Блокот земји „нема да им открие на пучистите кога и каде ќе нападне.. Таа одлука ќе ја донесат шефовите на држави“, рекол Абдел-Фату Мусах, комесар на Западноафриканската економска заедница (ECOWAS) за политички прашања, мир и безбедност.
„Сите елементи на каква и да е можна интервенција се разработени, вклучително и потребните ресури и начинот и времето кога ќе ги испратиме силите“, додал Мусах по тридневниот состанок во нигериската престолнина Абуџа.
Воените команданти од земјите во ECOWAS се состанаа во средата во Нигерија за да разговараа за можна воена интервенција, иако порачаа дека таквата акција би била „последното решение“. Организацијата објави дека веќе нема да толерира пучеви во регионот, ова беше седмиот од 2020 година, откако претходно се случија во Мали, Буркина Фасо и Гвинеја.
ECOWAS претходно воведе санкци против Нигер и се закани дека ќе употреби сили доколку до неделата члениците на воената хунта не го вратат на должноста соборениот претседател Мохамед Базум. Организацијата во четвртокот во Нигер испратила 15-члена делегација за да се изнајде „пријателско решени“, но извор за Reuters открива дека средбата на аеродром со военото водство не довела до напредок.
„Сакаме дипломатијата да успее и сакаме јасно да им пренесеме порака дека има ја пружаме секоја можност да го поништат она што го сторија“, рекол Мусах.
Генералот Абдрурахмане Тјани, поранешен командант на Претседателската гарда, минатата среда го притвори претседателот Мохамед Базум, објаснувајќи дека владата на претседателот давала лажни претстави за вистинската ситуација во земјата и во однос на борбата со исламистичките групации и во однос на безбедноста и стандардот на граѓаните, како и дека сака да ја спречи „постепеното и неизбежно“ пропаѓање на Нигер.
На заканите со воена интервенција од страна на ECOWAS, тјани претходно седмицава одговорија и воените власти во Буркина Фасо и Мали порачувајќи дека нападот врз Нигер ќе го сметаат за напад врз нивните земји.
Во четвртокот беше одбележана 63-годишнината од независноста на Нигер од колонизаторот Франција. Поради тоа имаше мноштво натписи со антизападна конотација на протестите во главниот град Нијамеј а на еден пишуваше „Долго да живеат Нигер, Русија, Мали и Буркина. Доле Франција, ЕУ и ECOWAS“.
Како и при претходните преврати во Буркина Фасо и во Мали, воениот преврат во Нигер доаѓа во време на новиот бран антифранцуски чувства во земјата. Франција во земјата има околу 1.500 војници, а има и една американска воена база, кои учестувале во борбата против џихадистичките групации поврзани со Исламската држава и Ал Каеда кои дејствуваат во земјите од регионот Сахел. Но, освен колонијалното минато, француските војски во регионот се обвинети за никаква борба против исламистите и присуство само за да ги заштитуваат финансиските интереси во западните земји, но и за тешки злосторства, вклучително и за силувања на деца. Буркина Фасо и Мали веќе ги протераа француските војници, од кои повеќето беа прекомандувани во Нигер.
Западните земји стравуваат дека Нигер, кој располага со значителни резерви од ураниум кој се извезува главно за потребите на бројните нуклеарни централи во Франција, би можел да го следи примерот на своите соседи и да се сврти кон Русија како сојузник, како и дека тоа ќе ги зајакне исламистите. Од друга страна, Нигер досега беше сметан за клучен западен сојузник во борбата против џихадистичкиот екстремизам во Сахел.