Земјите во OPEC+ во мај дополнително го намалиле дневното производство на нафта

Земјите од групата OPEC+ по почетокот на доброволното намалување на производството на нафта од стрна на бројни земји во картелот, го намалиле произвидството на 750.000 барели дневвно, на 38,86 милиони барели дневно, се наведува во јунскиот извештај на Меѓународната агенција за енергија (МАЕ – IEA).

На самиот почеток од април, неколку земји од картелот кој го сочинуваат членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и нивните сојузници големи независни производители предводени од Русија, објавија договор според кој го кастрат производството на енергенсот во мај до крајот на годинава. На 4-ти јуни, одлуката беше продолжена до крајот на следната 2024 година, а станува збор за вкупно намалување на производството за 1,66 милиони барели дневно.

Тогаш кастрење на производството објавија Саудиска Арабија, Кувајт, Оман, Ирак, Обединетите Арапски Емирати и Русија, и сите за до крајот на годината.

Во засебни објави беше соопштено дека Русија до крајот на годината ќе го намали производството на нафта за 500.000 барели дневно. Саудиска Арабија објави дека го ограничува своето производство за 500 илјади барели дневно, од мај до крајот на годината. Саудиското министерство за енергетика тогаш истакна дека станува збор за мерка на претпазливост за да се стабилизира глобалниот пазар на нафтата.

Обединетите Арапски Емирати најавија намалување на производството за 144.000, Алжир за 48.000, Ирак за 211.000, Кувајт за 128.000 а Оман за 40.000 барели на дневно ниво. Казахстанското министерство за енергетика објави дека ќе го намали производството за 78.000 барели дневно од мај до крајот на годината во координација со другите членки од групацијата OPEC+.

Најголемиот светски производител, Саудска Арабија, според најновиот извештај на МАЕ, го намалила производството во мај за декларираните 500.000 барели на 9,98 милиони барели дневно. Русија, пак, чиј извоз е под западните санкции на горната граница на цената поради инвазијата во Украина, во мај споредно со април го намалила производството за 150.000 барели на 9,45 милиони барели денвно. Претходно во март, Русија самостојно го намали дневното производство на нафтата за 500.000 барели дневвни. Така, според податоците кои ги објави МАЕ, вкупното кастрење на руското производство во текот на изминатите три месеци изнесувало 420.000 барели на дневно ниво.

Целеното ниво на производство на земјите од OPEC+, според договорот од мај, изнесува 40,1 милиони барели на ден, додека реалното производство изнесувало 38,86 барели дневвно, односно за 2,59 барели помалку од договореното дневно количество. Истовремено, поединечните доброволни кастрења на производството не се земаат предвид во договорот на картелот.