Земјоделци од Чешиново и Облешево без вода за 300 хектари оризови полиња

Несолидарноста меѓу земјоделците од неколку кочански села, постојаните врнежи од дожд, но и  стариот систем за наводнување се причината што годинава во атарот на село Чешиново нивите спремни за сеидба на ориз останаа суви, наместо наполнети со вода. Околу 300 оризопроизводители годинава ќе трпат големи  загуби, бидејќи сеидбата им доцни еден месец. Тие тврдат дека околу 300 хектари не се посеани со ориз, бидејќи земјоделците од соседните села ги кршат каналетките, за да водата не пристигне во нивните ниви.

Оризопроизводителите од атарот на Чешиново во рок од еден месец неколку пати ги обработуваат нивите. Трошоците им се големи за нафта, прскање, а доцна посеаниот ориз нема да даде род.

Оризопроизводителите одговори за проблемот на лице место побараа и од директорот на Водостопанство „Брегалница“. Во текот на кавгата заклучија дека проблемот е стар неколку децении, единствен начин да се реши проблемот за овие вредни земјоделци е изгардба на нов цевковод до нивното поле.

Врнежите од дожд ги полнат вештачките акумулации на истокот, годинава под ориз ќе бидат посеани околу 4.000 хектари. Водата до нивите на овие револтирани земјоделци се очекува да пристигне најдоцна до 5 јуни.