Земјоделците од Арачиново и Гази Баба изминативе години се соочуваат со голем број временски непpилики, но и со неодговорна власт која 3 години немаше слух за нивните барања и проблемите со кои се соочуваат . Имено на земјоделците од регионот не им е исплатена оштета за катастрофалните поплави од 2016-та година како и за невремето проследено со град во 2018-та година и покрај ветувањата од страна на надлежните.
Според нив на време се изработени елаборати и проценка на штетите кои од страна на локалната самоуправа на Арачиново и Гази Баба уредно се предадени до надлежното министерство за земјоделие како и до Владата на Република Македонија. И покрај тоа што е сработено потребното од страна на локалните власти, исплатата на штетата не добила амин од Владата со која раководеше Зоран Заев, а сега и Оливер Спасовски.
Земјоделците велат дека се соочуваат со сериозни проблеми и загуби, дел од нив за да ги посејат нивите се задолжиле во земјоделски аптеки за да ги набават потребните семенски материјали, доверителите пак бараат присилна наплата преку извршител од земјоделците со цел да си ги наплатат долговите.
Во разговор со нив тие ни посочија дека од нив можеме да бараме изјава и се останато, но не и пари, бидејќи пари немаат. Земјоделците понатаму велат дека ако не се исплонат нивните барања, за исплата на штета за 2016-та и исплата на штетата за 2018-та ќе организираат нови протести кои овој пат ќе бидат помасовни и посериозни, а ќе го блокираат и влезот на Скопје.