Земјотрес ја погоди Алјаска

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди градот Еидак во сојузната држава Алјаска, објави денеска Геолошкиот топографски институт на САД.

Земјотресот се случи на длабочина од 50 километри, додаваат од Институтот.

Американскиот систем за предупредување од цунами објави дека по земјотресот не е издадено предупредување за цунами, пренесува Ројтерс.